Top Sport

Крушево доби шест нови патеки за планински велосипедизам

Почнувајќи од ски терените, па низ местото викано Бегова корија, од денеска, сите вљубеници во планинскиот велосипедизам и природата ќе имаат нова содржина за рекреација и уживање во Крушево.Свечено се отворија шест од вкупно седумвелосипедски патеки по меѓународни стандарди за планински велосипедизам, со цел дополнување на постоечката туристичка понуда и промоција на активниот туризам во Крушево. Изградбата започна во мај годинава, а беше реализирана од стручен тим на швајцарски експерти од компанијата GFC Sports Management AG/ Allegra Tourismus и Ски-центар Панорама,а со поддршка на Општина Крушево и Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

„Имавме одлична соработка со швајцарските експерти низ целиот процес. Горди сме што покрај сите предизвици со Ковид пандемијата успеавме да го реализираме овој проект и да ја збогатиме туристичката понуда во Крушево. Со седумте планински велосипедски патеки што ги изградивме околу ски терените, се надеваме дека оваа дестинација освен по параглајдингот, ќе прерасне и во препрознатлив центар за планински велосипедизам.“– изјави Кочо Стојчески, сопственик на Ски Центар Панорама и Панорама Хотел и Спа, Крушево.

Минатата година Ралф Неф – светски шампион во планински велосипедизам и неговиот тим беа во Крушево и изготвија анализи, по што направија мастер план во Швајцарија, а потоа исто така врвни светски консултанти обезбедија и надзор на изградбата швајцарскиот експерт за изградба на вело патеки, Адриан Раз – претставник на Allegra Tourismous неколку пати беше во посета на Крушево.

Заедно со другите чинители, Општина Крушево учествуваше во севкупниот процес на изградба и промоција на најсовремените велосипедски патеки долги 4.5 километри кои ќе ја издигнат општината на врвот на вело-спортот. „Денескаозначуваме еден нов почеток и дополнителен потенцијал за развој на спортот, рекреацијата и туризмот во општина Крушево. Крушево како дестинација за четири сезони, покрај параглајдерството кој е атрактивен, натпреварувачки и рекреативен спорт, кој придонесе да се одржуваат многу национални, меѓународни, европски и светски првенства во параглајдинг и змејарство, го поддржува и велосипедизмот. Со активно вклучување на овој вид на спорт, Крушево останува посветено на создавање подобри услови за здрав и исполнет живот. Крушево станува омилена туристичка дестинација за сите љубители на велосипедизмот, сите рекреативци и професионалци на овој спорт.“ –истакнаТоме Христоски, градоначалник на општина Крушево.

Основнa цел е и останатите хотели, приватни сметсувачи и тур-оператори, да го нудат сето ова како понуда и да може да се формираат повеќедневни ангажмани за да се привлечат повеќе туристи. „Потребата од создавање на нови атракции во секоја туристичка дестинација е круцијално за создавање на нови понуди кои ќе привлекуваат нови целни групи на туристи. Крушево низ последните неколку години се профилира како дестинација каде параглајдерството е во фокус на голем број спортисти во екстремни спортови а со новите планински велосипетски патеки станува адреналинска дестинација. Ваквиот тип на нови содржини ќе овозможи заокружување на можноста Крушево сѐ повеќе да се промовира како дестинација за четири сезони.“ – изјавиЉупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Швајцарската агенција за развој и соработка, преку ИМЕ програмата интензивно дава поддршка на развој на туризмот во државата, со посебен акцент наактивниот туризам.„Преку развој на нови атрактивни производи и услуги,промоција, градење на капацитетот и подобрена соработка и координација меѓу сите локални чинители во туризмотсе проширува постоечката туристичка понуда и се овозможува унапредување на дестинациите. Отворање на патеките за планински велосипедизамќе придонесе за развој на туристичкиот потенцијал на Крушево и ќе води кон зголемена економска активност икреирање нови работни места во секторот. Очекувам дека Крушевоќе биде место каде во иднина ќе се случуваат многу велосипедски трки и настани кои ќе го поврзат со регионалните и светските случувања во планински велосипедизам.“–посочи Горан Дамовски, директор на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Денеска велосипедските патеки се отворија со првата крос-кантри велосипедска трка (XCO Krusevo), организирана од велосипедскиот клуб Оксижен и Велосипедската федерација на Македонија, на која учествуваа лиценцирани, хоби возачи, рекреативци и љубители на природата.„Евидентен е ентуизијазмот кај вело заедницата присутна денеска овде со нас, која има уникатна можност да ги испроба вело патеките за првпат. Денешната трка е организирана во неколку категории Елите мажи и жени, Јуниори, Кадети, Мастерс, У13, Хоби мажи, жени, деца, со должина на кругот од 3.7 км, а се бодува според ранг-листа на ВФМ.“ – изјавиСашо Ванчевски, секретар на Велосипедска федерација на Македонија.

За победниците од Елите мажи и жени категоријата, следуваат дополнителни награди од локалните партнери–викенд во Панорама Хотел и Спа (прва награда), ноќевање во Бутик хотел Свети Никола (втора награда) и јавање на коњи од коњичкиот клуб Мусица – Крушево (трета награда).

Scroll to Top