Top Sport

Не помогнаа советите од Федерер и навивањето на Беретини – Ѓоковиќ загуби, Европа пред историски пораз!

Во својот трет и последен меч на Лејвер купот, на Новак Ѓоковиќ не му помогнаа ниту советите од Роџер Федерер, ниту страственото навивање на српски на Матео Беретини, откако Србинот загуби со 6:3/7:6(3) од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, за Светот да поведе со 10:8 и да стане фаворит за титулата, бидејќи за Европа веќе нема да играат ниту Ѓоковиќ, ниту Рафа Надал.

Ѓоковиќ вчера ги врати Европјаните во игра со победа во сингл и со двојки, но овојпат немаше сили против младиот Канаѓанец, за кој ова е прва победа во кариерата над освојувачот на 21 гренд слем титула.

Досега во сите верзии на Лејвер купот, Европа стигнуваше до победи, преводена од лидерското трио Федерер-Надал-Ѓоковиќ, но сега на Светот му е потребна само уште една победа во последните два меча за да стигне до титулата.

Прв ваква шанса ќе добие Френсис Тијафоу, кој ќе се судри со Стефанос Циципас, а ако грчкиот тенисер успее да победи, тогаш ќе има финална пресметка помеѓу Норвежанецот Каспер Руд и Американецот Тејлор Фриц.

Scroll to Top