Top Sport

Кубацки со нова победа за прво место во генерален пласман

Полјакот Давид Кубацки потврди дека е во одлична форма на стартот на новата сезона во скијачки скокови, откако триумфираше на индивидуалното натпреварување во германскиот Титизе-Нојштад.

Со скоковите од 139.5 и 143 метри, Кубацки освои 309.7 поеени за убедлив триумф пред Словенецот Анже Ланишек со 284 поени (132.5 и 138.5 метри) и Австриецот Штефан Крафт со 283.1 поени (131 и 141.5 метри).

Кубацки е лидер во генерален пласман со 470 поени пред Ланишек со 416.

Scroll to Top