Top Sport

Кукавички чин – Азаренка сред натпревар замина од теренот

Неспортскиот потег на Викторија Азаренка го обележа третото коло на Мастерсот во Мајами. Тенисерката од Белорусија без објаснување и го предаде мечот на тинејџерката од Чешка, Линда Фрухвиртова.

16-годишната Фрухвиртова го доби првиот сет со 6/2, во вториот стигна до предност од 3/0 во гемови, кога Азаренка без објаснување го напушти теренот. Тенисерката од Белорусија се ракуваше со судијата и си замина во соблекувалната.

Никој не знае каква е причината за ваквиот потег, сигурно е само дека не станува збор за повреда, бидејќи Азаренка одбила медицинска помош.

„Навистина немаше никакви здравствени проблеми, само сакаше на противничката да и го одземе моментот на славата. Вакво непочитување досега не сум видела во тенисот“, рекла коментаторката.

Фрухвиртова со оваа победа стана третата тенисерка, која пред 17-от роденден изборила место во осмина-финалето на Мастерсот во Мајами. Претходно тоа им успеало на Ларија Шарапова и Татјана Головин.

 

Scroll to Top