Првата руска тениска ѕвезда, Ана Курникова и нејзиното дологодишно момче, поп-ѕвездата Енрике Иглесиас станаа родители за првпат, откако Курникова се породи со Николас и Луси, објавија американските таблоиди.
Курникова и Иглесиас, кои посветуваат огромно внимание на својата приватност во 15-те години во кои се заедно, успеаја да ја „скријат“ бременоста на Русинката, а ова исто така објаснува зошто Иглесиас не беше присутен на свадбата на неговата полусестра Ана Бојер со тенисерот Фернандо Вердаско.
Курникова, иако никогаш не освои титула во сингл, беше прва од многуте Русинки кои направија влијание на ВТА турнејата, пензионирајќи се во 2007 година со две гренд слем титули во двојки од Австралискиот опен. Таа и Иглесиас се заедно од 2001 година.