Top Sport

Кузнецова: Федерер е најкул!

Светлана Кузнецова вели дека коментарот на Роџер Федерер од пред осум години, кога Швајцарецот изјави дека Русинката е негова омилена тенисерка, е најдобриот комплимент кој го добила.

Светската тенисерка број 12 има повреда поради која може да го пропушти Австралија опен, вели дека поради ова Федерер секогаш ќе биде нејзиниот „миленик“.

„Мислам дека Роџер Федерер беше многу добар кон мене и затоа го сакам уште повеќе. Пред осум години кажа дека јас сум му омилената тенисерка. Најдоброто нешто што некој го кажал за мене. Никој не е покул од него. Тој е од друга планета“, вели Русинката во интервју за „Експрес“.

Scroll to Top