Top Sport

„Мерсисајд“ дерби во ФА купот

Ливерпул ќе се судрат со Евертон во дерби на „Мерсисајд“ во третото коло на ФА купот, за втор дуел на двата тима од Ливерпул, бидејќи ќе се сретнат и во Премиер лигата овој месец.

Тоа не е единствениот дуел на „тешкаши“ во третото коло на ФА купот, во фаза во која тимовите од Премиер лигата и Чемпионшип влегуваат во најстарото фудбалско натпреварување на светот, бидејќи Кристал Палас гостуваат кај Брајтон, а Мидлзборо се судираат со Сандерленд.

Арсенал патуваат кај второлигашот Нотингем Форест, додека Дерби Каунти добиваат гостување кај Манчестер јунајтед. Тотенхем ќе бидат домаќини на третолигашите Вимблдон, додека Манчестер сити имаат пресметка со изненадувањето во Премиер лигата, Барнли. Челси, пак, гостуваат на Норич.

Херфорд, еден од најнискорангираните тимови во второто коло, ќе играат дома со Лестер, доколку го добијат ри-мечот со Флитвуд таун.

Мечевите од третото коло ќе се играат во викендот од 5 јануари. Арсенал се актуелните шампиони и победија на натпреварувањето трипати во последните четири години, прекинати со трофејот на Манчестер јунајтед во 2016 година. Со овие победи „топчиите“ се најуспешниот тим во натпреварувањето со 13 титули, една повеќе од Јунајтед и пет пред ривалите Тотенхем.

Scroll to Top