Поранешниот шампион од Џиро Д’Италија и Вуелта Еспања, Колумбиецот Наиро Квинтана е дисквалификуван од шестото место на Тур де Франс по позитивниот тест на трамадол, потврди Интернационалната велосипедска унија (УЦИ).
32-годишниот Квинтана имал два позитивни тестови на средството против болки кое се наоѓа на листата на забранети супстанции од УЦИ од 2019 година, во примероците крв од 8 и 13 јули. Квинтана е условно суспендиран и нема да биде дел од тимот на Аркеа-Самсик за Вуелта Еспања, која почнува во петок.
Иако трамадолот не носи подобрување наа перформансите, според правилата на УЦИ се наоѓа на листата на забранети супстанции за заштита на здравјето на велосипедистите поради нус-појавите од трамадолот.