Top Sport

Квитова им ја расипа забавата на домаќините

Петра Квитова од Чешка избори ги разочара домаќините и преку Ешли Барти избори пласман во полу-финалето на Австралија опен.

Квитова лесно, за 70 минути игра, ја победи Барти в два сета со 6/1, 6/4. Чехињата, по пауза од седум години повторно ќе игра полу-финале во Мелбурн.

За пласман во финалето таа ќе се бори со сензацијата од САД, Данијел Колинс. Американката, претходно, со пресврт успеа да ја победи Анастасија Пављученкова.

Квитова од понеделник би можела да биде број 1 на ВТА листата, но тоа ќе зависи од нејзиниот настап во полу-финалето и од она што до крајот на турнирот ќе го направи Наоми Осака.

Scroll to Top