Второто коло на тенискиот турнир во женска конкуренција, на Олимписките игри во Токио, донесе елиминации на фаворизираните Петра Квитова и Арина Сабаленка.
Квитова доживеа неуспех од Алисон ван Ујтванк. Квитова го доби првиот сет со 7/5, стигна до 3:2 во вториот сет и пото нејзината игра се распадна. Ван Ујтвак освои десет гема по ред и со 6/3 и 6/0 го заклучи мечот.
Уште поголемо изненадување направи Дона Векиќ од Хрватска која во три сета, по голема борба, ја победи третата тенисерка во светот, Сабаленка од Белорусија.
Векиќ го доби првиот сет со 6/4, Сабаленка возврати со 6/3 во вториот, а третиот сет Хрватската го бодби во тај-брејк.
Векиќ во наредната рунда ќе игра против Елена Рбакина, додека Ван Ујтвак за противничка ќе ја има Гарбиње Мугуруса.