Top Sport

Квитова со трофеј ќе патува на Вимблдон

Петра Квитова најави дека е подготвена за трета титула на Вимблдон, откако со 4:6/6:1/6:2 ја победи својата добра пријателка, Словачката Магдалена Рибарикова за да го освои трофејот од Нотингем опен, попознат како Еџбастон.

Рибарикова го освои тесниот прв сет, но потоа немаше шанси против расположената Чехинка, која загуби само три гема до крајот на мечот. 28-годишната Квитова во моментов е на осмото место на АТП листата откако направи успешен кам-бек по нападот во нејзиниот дом и повредата на раката, а бидејќи ги има трофеите од Вимблдон од 2011 и 2014, повторно е фаворитка за хет-трик трофеи од „Олд Ингланд клубот“.

Ова е петта ВТА титула на Квитова во 2018 година.

Scroll to Top