Top Sport

Квитова трет пат во кариерата победи во Мадрид

Чешката тенисерка Петра Квитова ја освои титулата на мастерсот во Мадрид, откако во драматичното финале ја совлада Холанѓанката Кики Бертенс.

Квитова по речиси три часа игра во мадридската „Магична коцка“, савеше до 7:6, 4:6, 6:4.

Десеттата носителка ја освои чевртата титула оваа година, а во кариерата ова е трет трофеј за неа во Мадрид.

Натпреварот го понуди она најоброто од женскиот тенис. Беше тоа дуел со подеми и падови на двете страни, двете демонстрираа неверојатна борбеност, а немаже да биде незаслужени и доколку победеше Бертенс.

Квитова со оваа победа ќе напредува до деветтото место на ВТА листата, а во трката за завршниот мастерс во Сингапур таа сега се наоѓа на првото место.

Scroll to Top