Top Sport

Лацискене: ИОЦ и Томас Бах се однесуваат како Русите да не постојат

Олимписката шампионка во скок во височина, Марија Ласицкене вели дека не очекува Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) да ја тргне препораката за суспензија на руските и беоруските спортисти бидејќи на претседателот на ИОЦ, Томас Бах му е полесно да се однесува како тие да не постојат.

29-годишната шампионка од Токио 2020 во интервју за „ТАСС“ вели дека спортската неправда со препораката на ИОЦ е тешко да се прифати.

„Никој не може да ги спречи спортистите да си ги реализираат своите цели и рестрикциите кои ги препорачаа ИОЦ само ја влошија тешкат ситуација. Мислам дека сега Бах само ќе ги повтори препораките, бидејќи ќе биде полесно да се каже дека ние, руските и белоруските спротисти да не постоиме. Колку сум постара, толку повеќе ми пречи неправдата. Секако, тоа не може да се спореди со ситуацијата во која сега се украинските атлетичари во последните шест месеци. Имаме спортски лидери кои не ги заштитуваат правата на спортистите“, вели Ласицкене.

Scroll to Top