Top Sport

Љафтов: Нашиот сон стана реалност

Македонските одбојкари со триумфот над Црна Гора со 3:0 во сетови обебзедија пласмн меѓу 16 најдобри селекции, а денеска им претстои дуелот со можеби најсилната репрезентација во светот, Полска.

Александар Љафтов, кој беше еден од најдобрите против Црногорците, вели дека сонот на македонските одбојкари стана реалност.

„Само ние си знаеме како дојдовме до тука. Сакам да и честитам на цела Македонија, на целата спортска јавност, на сите Македонци кои во овие изминати години беа со нас и нѐ бодреа. Тие се дел од успехот. Нашиот сон стана реалност, на третото Европско првенство ние успеавме да се пласираме во осминафиналето. Можеби делуваше и дека е лесно, но верувајте дека не е така. Денеска ни претстои Полска и треба да дадеме силен отпор. Знаеме дека тие се меѓу најдобрите во светот“, изјави Љафтов.

 

Scroll to Top