Top Sport

Миленкоски: Успехот е плод на макотрпна работа, да уживаме на дуелот со Полска

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја победи Црна Гора со 3:0 во сетови и стигна до вториот триумф на Европското првенство, по кој ќе се најде меѓу 16 најдобри селекции во Европа.

Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен од остварениот успех и вели дека е плод на макотрпната работа цело лето.

„Честитки за одбојкарите, го даваат најдоброто од себе пред оваа прекрасна публика. Имавме притисок, поквалитетни сме и сакавме да победиме. На крајот најдовме и моменти за уживање. Ова се должи на една макотрпна работа изминатите неколку месеци. Стотици тренинзи, анализи и драго ми е што го покажавме најдоброто“, изјави селекторот Јошко Миленкоски.

Првенството за Македонија продолжува со денешниот дуел против Полска.

„Сега ни доаѓа Полска, играчи кои се најдобри во светот. Тоа е едноставно најдоброто во светот на одбојката и ќе им порачам на играчите да уживаат во овој натпревар. Ние треба да се подготвуваме за мечевите со Холандија и со Чешка, затоа што со уште една победа би биле и трети во групата“, порача Миленкоски.

Scroll to Top