Top Sport

Лајбах ќе го отворат СП на Планица

Словенија се подготвува за организација на своето најголемо спортско натпреварување во 2023, Светското првенство во нордиско скијање, кое ќе биде свечено отворено со песна од култниот бенд Лајбах, изведба на старата словенечка песна „Ој, Триглав, мој дом“.

Покрај Лајбах, на свечената церемонија, која почнува во вторник во 20 часот ќе нстапи и Севера Ѓурин, Ирена Анжиќ, Петра Видмар, а при излегувањето на носителите на знамињата на 65-те нации кои ќе учествуваат на шампионатот, музика ќе пушта Умек.

„Големото отварање на Планица го сфативме ако одговорност и чест. Ќе претставиме дел од нашата култура и ќе покажеме колку е прекрасно кога различни генерации се на иста сцена“, вели Сашо Авсеник од организациониот комитет.

Scroll to Top