Францускиот тениски ветеран Никола Мау имаше необична повреда во неговиот прв меч во двојки на АТП финалето во Лондон, но неговиот противник, Хрватот Мате Павиќ го обвини за „глумење“.
Во мечот со својот партнер Пјер-Иг Ербер, Французинот се сопна над една реклама на „Лакост“ околу теренот и доби незгоден удар на ногата. Тој прво доби преврска, а потоа и долг третман на ногата, пред да загубат со 6:4/7:6 од првите носители Оливер Марах и Павиќ. Иронично, ткому „Лакост“ му е спонзор на Мау.
„Да, малку ме боли, но нема ништо скршено. Имам 24 часа да видам како ќе биде, но до среда би требало да немам проблеми да играм“, изјави Мау.
Павиќ не е убеден дека имало било каква повреда.
„Да, да, тој двапати го повика лекарот, а потоа играше исто како и претходно. Прво не можеше да оди, а потоа трчаше по топчето без проблем. Мислам дека малку повеќе глумеше отколку што имаше болки“, вели Павиќ.