Top Sport

Лани го депортираа Ѓоковиќ, а сега нема ни да ги тестираат играчите за корона

Од најдрастичните мерки до целосна релаксација. Крег Тајли, директорот на Австралија опен, истакна дека тенисерите не треба да се тестираат за коронавирус, а можат да играат дури и ако се заразени на првиот Грен слем сезонава.
Здравствената политика, за која Тајли рече дека го одразува она што се случува во пошироката заедница, е значајна промена од строгите протоколи што го одбележаа турнирот во последните две години.

Турнирот во 2021 година се одржа во таканаречен „балон“, а минатата година деветкратниот победник на турнирот Новак Ѓоковиќ беше депортиран бидејќи не бил вакциниран.

„Само сакавме да следиме што се случува во заедницата“, рече Тајли, додавајќи:

„Отидовме чекор понатаму со тоа што препорачавме да избегнувате игри кога сте болни, а нашиот медицински персонал ќе продолжи да го следи тоа. Јасно им кажавме на нашите играчи, како и на нашиот персонал, дека ако некој не се чувствува добро, нека остане дома, но знаеме дека потенцијално ќе има тенисери кои ќе играат и со Ковид“.

Scroll to Top