Top Sport

Ласицкене: Зарем јас сум „проколната“ што сум Русинка?

Една од најдобрите натпреварувачки во скок во височина во историјата, Русинката Марија Ласицкене влезе во нов напад на Светската атлетика околу двојните стандарди околу допингувањето, откако беа отфрлени допинг-обвинувањата кон турската светска шампионка на 400 метри, Салва Еид Насер.

22-годишната Насер, која освои злато на минатото СП во Доха, требаше да добие двегодишна суспензија откако пропушти четири допинг-теста во 12 месеци, но ќе и биде дозволено да се натпреварува, додека на Ласицкене, единствената жена со три светски титули во скок во височина и е забрането да се натпреварува и покрај чистото допинг-досие поради суспензијата која ја има Руската атлетска федерација.

„Изгледа дека е подобро да ги прекршиш правилата со пропуштање на четири допинг-теста, отколку да си Русинка и да бидеш долгорочен заложник“, напиша Ласицкене на социјалните мрежи.

Ласицкене, како и сите руски атлетичари, веќе не смеат да се натпреваруваат ниту како неутрални спортисти, откако Русија не ја плати казната кон Светската атлетика.

Scroll to Top