Поранешниот руски тенисер Андреј Медведев се присетил на дуелот со Роцер Федерер одигран 2000 година во Рим. Медевев, кој во кариерата бил и на четвртото место на АТП-листата, со „измама“ го добил мечот со 2:1.
„Тој требаше да победи. Се сеќавам дека го измамив. Започнав да се расправам со судијата. Добив предупредување и потоа некако успеав да ги добијам вториот и третиот сет“, рекол Медведев.
Русинот дополнил дека во тој меч среќата „дебело“ била на негова страна.
„Му кажав на неговиот тренер Петр Лундгрен дека Федерер е непредвидлив кога ќе го удри топчето. Му кажав дека доколку продолжи така никој нема да може да му се спротивстави“.
Медведев истакнал дека само со комплименти може да говори за Федерер.
„Зборуваме дека Пит Сампрас и Андре Агаси се тениски амбасадори, но вистинскиот амбасадор е Федерер, поради она што го прави на теренот и надвор од него. Тој ја одржува елеганцијата. Морам да повторам, успеав да го измамам во Рим“, заклучил поранешниот руски тенисер.