Top Sport

Легендарниот Мајкл Џонсон имал мини-мозочен удар!

Поранешниот светски рекордер на 200 и 400 метри и олимписки шампион, Мајкл Џонсон објави дека имал мини-мозочен удар, но дека очекува да има целосно опоравување.

„Минатата недела изнеандувачки добив таканаречен транзиентен исхемички напад или мини-мозочен удар. Добрата вест е што сум дома со моето семејство и лекарите ми предвидуваат целосно опоравување“, напиша 50-годишниот Американец на Твитер.

Џонсон стана првиот човек кој ги освоил титулите на 200 и 400 метри на Олимпијадата во Атланта во 1996 година, а четири години подоцна во Сиднеј ја освои и титулата на 400 метри. Неговиот светски рекорд од 19.32 на 200 метри беше актуелен 12 години пред Јусеин Болт да го намали на 19.30, а потоа и на 19.19 на СП во во 2009 година. Рекордот на 400 метри од 43.18 беше актуелен 17 години, кога Јужноафриканецот Вејд ван Никерк го намали на 43.03 на Олимпијадата во Рио во 2016 година.

Scroll to Top