Бугарската легенда во пливање на долги патеки, 11-кратниот шампион на маратонот во Охрид, Петар Стојчев стигна до можеби најимпресивната победа во кариерата, триумфирајќи на маратонот на Антарктикот во должина од 1.000 метри.
Во близина на островот Тринити во заливот Микелсон харбор, 42-годишниот Стојчев беше најбрз во конкуренција на 15 пливачи, кои се охрабрија да пливаат на температура од -2 степени. Бугаринот имаше предност од една минута пред конкуренцијата и последните метри ги исплива со пеперутка-стил!
„Многу сум задоволен од оваа победа, бидејќи бевме нервозни поради постојаното одложување на трката. Фала Богу, Бугарин е шампион на Антарктикот во првиот обид. Не сакав да ризикувам и затоа направив предност од почетокот. Не беше лесно. Пред два влезам во водата температурата на телото ми беше 37.3 степени, а кога излегов 30.8 степени. Ова е мојата најголема победа, бидејќи само уште тука не пливав“, вели Стојчев.
Неговото време беше 11:08:38, додека второто место го освои најбрзата жена во ледените води, Аргентинката Викторија Мори (12:09:31).