Top Sport

Легков суспендиран, Русија може да биде исфрлена од Пјеонгчанг

Во одлука која може да има големи последици за рускиот спорт, двајцата руски крос кантри скијачи Александер Легков и Евгениј Белов добија доживотни олимписки суспензии од страна на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

34-годишниот Легков ги загуби и двете олимписки медали од Сочи, откако заедно со 27-годишниот Белов беа меѓу шесте нордиски скијачи кои добија условни суспензии како дел од истрагата со таканаречениот „извештај на Мекларен“ за рускиот допинг во 2016 година. Легков победи на 50 километри слободно и освои сребрен медал како дел од руската 4х10 километри штафета, додека Белов имаше 18. место во машкиот скиатлон.

По овие случаи ќе се зголемат повиците Русија да биде исфрлена од Зимската Олимпијада во Пјеонгчанг, Кореја во февруари, иако ИОЦ објави дека конечната одлука ќе биде донесена во декември, кога од 5 до 7 декември во Лозана, Швајцарија ќе се одржи состанокот на бордот.

„ИОЦ покажува дека има посветеност да ги заштити чистите спортисти, нешто што го правевме од почетокот на случајот“, се вели во соопштението на ИОЦ.

Од комитетот не ги дадоа деталите за одлуката и за доказите, но во извештајот на Мекларен се тврдеше дека имало менување на примероците на урина. Успехот на Легков беше еден од најголемите на Русија на Олимпијадата, која ја чинеше нацијата над 50 милијарди долари.

Легков тврди дека никогаш не паднал на допинг-тест, и дека бил тестиран толку често што не било можно да се допингува.

„Мораш да бидеш целосна камикаѕе да го направиш тоа во Русија претставувајќи ја својата нација“, изјави неодамна Легков.

Scroll to Top