Top Sport

Унгарците тврдат: Штербик од наредната сезона во Веспрем

Најдобриот ракометен голман во светот, Арпад Штербик, по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Веспрем.

Неколку унгарски медиуми, меѓу кои и „nemzetisport.hu“ тврдат дека искусниот голман кој за 20 дена ќе наполи 38 години ја брани својата последна сезона во Вардар и дека од наредната ќе го носи дресот на Веспрем. Според истите извори Штербик доаѓа на местото на Хрватот Мирко Алиловиќ чии договор со Веспрем истекува во јуни 2018 година.

Голманот со Веспрем договорил двегодишна соработка.

Штербик од 2001 до 2004 година беше играч на Веспрем и во овој период освои три двојни круни во унгарскиот шампионат, а во 2002 година беше прогласен за играч на сезоната во Унгарија.

Голманот кој во кариерата бил репрезентативец на Југославија, Србија и Црна Гора и Шпанија во Вардар дојде во 2014 година од Барселона. Минатата сезона беше еден од најзаслужните за титулата во Лигата на шампионите која ја освоија „црвено-црните“.

Scroll to Top