Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2:1, во сетови 6:3, 3:6, 6:4.
Третопласириот на АТП листата и прв носител на турнирот во Доха одлично го започна мечот и направи брејк во третиот гем од првиот сет.
Сепак, Алкараз не успеа да го задржи темпото што го наметна и потклекна во втората половина од првиот сет.
Лехечка ја презеде иницијативата, двапати му го одзеде сервисот на Шпанецот и поведе со 5:2 со серија од четири последователни гејма, пред рутински да го заврши сетот.
Во вториот сет се очекуваше реакцијата на Алкараз и тој го направи токму тоа.
Клучниот момент се случи во четвртиот гем, кога Шпанецот го направи единствениот брејк од сетот и без поголеми проблеми ја сочува предноста, со што го израмни резултатот и го одведе мечот во третиот, решавачки сет.
Алкарас изгледаше како да ја контролира ситуацијата кога поведе со 4:2 во сетот на одлука.
Сепак, Лехечка не се откажа. Чешкиот тенисер одигра поагресивно и комплетно го сврте мечот со серија од четири гема и обезбеди пласман во полуфиналето.
Лехечка за место во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Матео Беретини и Џек Дрејпер.
LEHECKA TAKES OUT ALCARAZ! 🤩
Jiri Lehecka defeats World No. 3 Carlos Alcaraz 6-3 3-6 6-4 to reach the semi-finals in Doha#QatarExxonMobilOpen pic.twitter.com/R1dvymf9Q0
— Tennis TV (@TennisTV) February 20, 2025