Top Sport

Лејвер куп: Надал ги искористи советите на Федерер и го победи Раониќ

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вечерва славеше победа со 2-0 (6-3 и 7-6) против канадскиот тенисер Милош Раониќ на Лејвер купот. Со оваа победа на Шпанецот Тимот на Европа поведе со 7-3 против Тимот на Светот.

Во овој меч Надал и Федерер повторно соработуваа на релација тренер-играч. Овојпат Федерер го советуваше помладиот колега.

Шпанецот беше далеку од своето ниво на почетокот на мечот, но ја консолидираше својата игра и го доби првиот сет.
Раониќ стигна до тај-брејк во вториот сет, но тое е се што стори. Таму како воопшто и да не се појави, па Надал фуриозно стигна до победата.

Scroll to Top