Top Sport

На Гвардиола не му е првпат негов тим да слави со 8-0

Сити денеска го демолираше Вотфорд со 8-0, но далеку од тое дека тренерот на „граѓаните“, Шпанецот, Пеп Гаврдиола во минатото не постигнувал слични резултати со екипите кои ги предводел.

Денешниот резултат или дури и поубедлив се случува по шестипат во кариерата на Гвардиола:

Алмерија – Барселона 0-8

Натпреварот е игран во ноември во сезоната 2010/2011, додека Гаврдиола беше на кормилото на Каталонците. Меси тогаш постигна хет-трик, Кркиќ постигна два гола, а Педро и Иниеста постигнаа по еден гол. На мечот имаше и автогол на домаќините.

Барселона – Осасуна 8-0 , Оспителет – Барселона 0-8

Во иста сезона двапати по 8-0. Тимот од памплона настрада во септември 2011, Меси повторно 3 гола, 2 на Давид Вилја, по еден на Фабрегас и Чави. И еден автогол.
Нисколигашот во Купот на Шпанија не го имаше Меси за противник, но расположени беа Куенка, Тељо и Тиаго Алкантара.

Баерн Минхен – ХСВ 8-0

Кога дојде Гвардиола во Германија продолжи да го работи истото што и во Шпанија, да освојува трофеи. Хамбург често губеше од Баерн, но на почетокот на 2015 дури шестмина стрелци ја полнеа мрежата на ХСВ. Милер и Робен прецизно стрелаа по двапати.

Манчестер Сити – Бартон Албион 9-0

На почетокот на годинава, на 9 јануари Сити имаше победа за паметење против Бартон Албион со 9-0 во Лига купот на Англија. Габриел Жесус постигна 4 гола.

Денешниот триумф против Ватфорд е историски затоа што 5-0 беше веќе во 18 минута.

До сега рекордот го држеше Арсенал кој истиот резултат го постигна против Саутемптон, но до 23 минута.

Scroll to Top