Top Sport

Лекарите му го спасија животот на Кобрели – Европскиот првак колабирал по трката

Италијанскиот велосипедист, Сони Колбрели, колабирал откако втор ја завршил првата етапа на трката „Волта а Каталуња“. Колбрели се онесвестил и доживеал срцев удар, поради што на самото место лекарите морале да користат дефибрилатор за да го стабилизираат.

Откако успеале да ја стабилизираат тој бил хоспитализиран. Последните информации говорат дека неговата состојба е стабилна, прегледите не покажале никакви абнормалности. Сепак тој ќе остане уште неколку дена во болницата.

31-годишниот Кобрели, минатата година, стана европски првак.

 

Scroll to Top