Top Sport

Ленс Армстронг: Ќе победував и сите да беа чисти

Ленс Армстронг, човекот кој освои (и загуби) седум титули од Тур де Франс, вели дека би победувал на најславната трка на светот и во ситуација сите во велосипедизмот да не користеле допинг-средства.

Американецот во 2012 ги загуби седумте титули од ТдФ откако призна дека се допингувал од 1996 година. Тој смета дека подготовките за трките биле доволни да се стигне до победа, но дека морал да се допингува за да биде „еднаков“ со другите.

„Ние работевме најсилно, имавме најдобра тактика, најдобар состав на тимот, најдобар директор на тимот, најдобра опрема, најдобра технологија… Сите работи за кои зборувавме дека ги правиме, ги правевме. Делот со допингот не го брише тоа. Дали мораше да има допинг? Секако. Не сакам да правам изговори дека сите го правеа тоа или дека не би победиле без допинг, но така е. Секако, јас сум тој што ја направив одлуката да се допингувам и тоа беше тоа. Не можеш да влезеш во тепачка со ножеви без нож“, вели Армстронг.

Scroll to Top