Top Sport

АФЦОН: Нигерија во драма подобра од Јужна Африка (видео)

Нигерија се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации откако во драматично четврт-финале со ВАР-контроверзи и со гол во финишот на мечот стигна до 2:1 победа.

Младиот фудбалер на Вилјареал, Семјуел Чуквуезе се најде на вистинското место во 27. минута за на „супер орлите“ да им донесе водство од 1:0, и оваа предност тие ја чуваа до 71. минута од мечот, кога Бонгани Зунгу со одличен удар со глава по слободен удар израмни на 1:1.

Сепак, судијата реши да ја прегледа ВАР-снимката, која покажа дека топката се удира во грбот на Нигериецот Одион Игало, пред Зунгу да ја смести во голот. Сепак, радоста на Јужноафриканците, кои го елиминираа Египет во осминафиналето не траеше долго откако во 89. минута по корнерот на Мозес Сајмон, голманот Ронвен ВилијаСмс лошо интервенираше и дозволи Вилијам Труст-Еконг да постигне гол со колено.

Нигерија во полуфиналето го чека подобриот од мечот Алжир-Брег на Слоновата Коска, а претходно во полуфиналето се пласираше и Сенегал со победата над Бенин, а тие ќе го чекаат победникот од дуелот Тунис-Мадагаскар.

Scroll to Top