Германскиот бијатлонец, освојувач на три олимписки медали, Ерик Лесер, по завршувањето на трката во нордиска комбинација, уште еднаш упати жестоки критики до Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Лесер продолжи да го критикува ИОК и претседателот Томас Бах, поради одлуката Кина да ја добие организацијата на Зимските олимписки игри.
„Сега ние спортистите плаќаме за она што ИОК не можеше да го контролира. Стоиме овде и се обидуваме да се оправдаме што учествуваме на Игри во држава која не ги почитува човековите права. Мораме да го критикуваме и она што го прави претседателот на ИОК, Томас Бах. Сите сме свесни каква е политичката ситуација во Кина, бројни спортисти предупредуваа пред Игрите, но ИОК тоа требаше да го разјасни многу порано“, рекол Лесер во интервју за минхенски „Меркур“, по возбудливата трка во нордиска комбинација, во која Германија остана без медал.
„Организацијата е перфектна, но тоа и го очекувавме. Критиките остануваат, и понатаму сметам дека е апсурд што Кина ја доби организацијата на ЗОИ“.