Top Sport

„Летање“ на Планица! Ајзенбихлер, конечно, до деби победа (видео)

Светскиот шампион Маркус Ајзенбихлер го совлада новокрунисаниот шампион од Светскиот куп, Рјоју Кобајаши на легендарната „леталница“ во Планица, Словенија за свој прв триумф во СК.

Пред викендот, Кобајаши веќе ја имаше обезбедено титулата од СК заедно со новогодишната турнеја „4 скокалници“, но ќе се обиде да го освои и мини-турнирот „Планица 7“ и започна фантастично со 242 метри за 229.1 поени по првиот скок.

Меѓутоа, во втората сесија, тој се мачеше со лошите временски услови и скокот од 220 метри беше доволен само за второ место зад Ајзенбихлер, кој по првите 238.5 метри додаде 233 метри за прва победа.  Полјакот Пјотр Жила беше трет со 242 и 234 метри пред домашните фаворити Тими Зајц и Домен Превц.

Ајзенбихлер е првиот Германец со победа во Светскиот куп по Зеверин Фројнд во 2015 година.

Scroll to Top