Top Sport

Летечки „викинзи“, Танде и Норвешка се светски шампиони

Норвежанецот Даниел Андре Танде стана светски првак во скијачки скокови, а потоа се закити зо златниот медал и во екипна конкуренција.

Танде во двата дена на натпреварите во германски Оберстдорф победи со летовите од 212, 227 и 200 метри. Сребрениот медал го освои Камил Стох од Полска, а третото место му припадна на домашниот адут Рихард Фрајтаг.

Норвежаните доминираа и во екипна конкуренција и ја одбранија титулата. Норвашката селекција во состав Танде, Роберт Јохансон, Андреас Стјернен и Јохан Андре Форфанг освоија вкупно 1.662,2 бода.

Среброто и бронзата го освоија селекциите на Словенија (Јернеј Дамјан, Анже Семенич, Домен Превц и Петер Превс) и Полска (Камил Стох, Пјотр Жила, Стефан Хула и Давид Кубацки).

Scroll to Top