Рафаел Надал, Данил Медведев и Стефанос Циципас лесно го минаа второто коло на турнирот во Акапулко.
Надал постави личен рекорд, во дуелот со 24-годишниот Американец роден во Скопје, Стефан Козлов. Шпанецот ја забележа 12 победа од почетокот на сезоната. Никогаш претходно Надал не статувал со толку победи во една сезона.
Надал го победи Козлов со 6/0, 6/3. Негов противник во наредната рунда ќе биде Американецот Томи Пол.
Данил Медведев го продолжува походот кон првото место на АТП листата. Рускиот тенисер со 6/1, 6/2 го победи Шпанецот, Пабло Андухар. Во наредната рунда ќе игра против Јошихито Нишиока. Јапонецот се наоѓа на 103.место на АТП листата, тој во второто коло направи изненадување со победата над Тејлор Фриц.
Стефанос Циципас ја забележа најбрзата победа во кариерата. Гркот за само 47 минути славеше со 6/1, 6/0 над Американецот Џеј-Џеј Волф. Циципас во наредното коло ќе игра против Маркос Гирон.