Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на фјучерс турнирот во Талин, Естонија. Таа ја совлада Зејнеп Сомнеж од Турција со 2:0 во сетови и тоа експресно, за само еден час игра.
Ѓорческа двата сета ги доби со идентичен резултат, 6:3 во гемови.
Во финалната пресметка Лина ќе ги одмери силите со Јанина Викмајер, тенисерка која во минатото беше и меѓу првите 20 тенисерки на ВТА листата.