Top Sport

Лина Ѓорческа се пласира во финалето на турнирот во Талин

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на фјучерс турнирот во Талин, Естонија. Таа ја совлада Зејнеп Сомнеж од Турција со 2:0 во сетови и тоа експресно, за само еден час игра.

Ѓорческа двата сета ги доби со идентичен резултат, 6:3 во гемови.

Во финалната пресметка Лина ќе ги одмери силите со Јанина Викмајер, тенисерка која во минатото беше и меѓу првите 20 тенисерки на ВТА листата.

Scroll to Top