Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа одигра уште еден квалитетен меч и успеа да се најде во четвртфиналето од тенискиот турнир во Куршумлиска Бања во Србија.
Во осминафиналето, Лина успеа да слави над домашната тенисерка Миа Ристиќ со 2:1 во сетови.
Таа го загуби првиот сет со 3:6 во гемови, ном сепак во продолжение од дуелот одигра далеку подобро и ги доби следните два сета со 6:2 и 6:3.