Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа е во второто коло на квалификациите за САД опен во Њујорк, откако успеа да направи одличен кам-бек и со 6:7(2)/7:5/6:3 да ја победи поранешната топ 30 тенисерка, Американката Лорен Дејвис.
Ѓорческа, која е на 604. место на ВТА-листата, ја победи тенисерката која е дури 404 места пред неа (200. место во понеделникот) и која во кариерата има една ВТА титула откако подолго време ја сметаа за нова надеж на американскиот тенис.
Следна за Лина е 21-годишната Хрватка, Јана Фет, 128-рангирана тенисерка на светот, која со 6:4/2:6/6:3 ја победи Кинеската Јуксуан Жанг.