Top Sport

Линдвик светски првак во скијачки летови

Маријус Линдвик е новиот сетски првак во скијачки летови. Тој победи на натпреварот во Викерсунд.

Олимпискиот шампион на големата скокалница, ја освои титулата со скоковите од 232 и 230 метри. Линдвик на крајот имаше 9,9 поени повќе од Тими Зајц. Словенецот го имаше најдолгиот скок на деното од 245 метри.

Третото место му припадна на Австриецот Стефан Крафт, кој имаше скокови од 230,5 и 227 метри.

Покрај Зајц, одличен настап имаа и останатите Словенци. Петер Превц, Анже Ланишек и Домен Превц го освоија четвртото, петтото и шестото место.

Со денешниот настап Словенците најавија дека се најголеми фаворити за највисокиот палсман во екипна конкуренција. Тимските скокови на програмата се во недела.

Scroll to Top