Top Sport

Мајами ќе го повлечат дресот на Крис Бош

Кошаркарската франшиза Мајами Хит ќе го повлече од употреба дресот со бројот „еден“, кој на грбот го носеше Крис Бош. Свечената церемонија, кога дресот ќе биде повлечен, ќе се одржи на 26 март, кога Мајами во дербито на Флорида ќе ги пречека Орландо Меџик.

Бош е четвртиот играч во историјата на Мајами чии дрес ќе биде повлечен. Претходно франшизата ги има повлечено дресовите на Алонсо Морнинг, Тим Хардавеј и Шекил О’Нил.

Крис Бош во НБА лигата влезе преку драфтот во 2003 година. Тогаш го избраа Торонто Репторс како четврти пик. Член на Мајами Хит стана во 2010 година и со оваа франшиза успеа да освои две титули.

Бош не игра кошарка од 9 февруари 2016 година кога му е дијагностицирано згрутчување на крвта. Повеќе пати најавуваше дека ќе се врати, меѓутоа тоа никогаш не се случи.

Во НБА лигата одиграл 893 натпревари на кои забележал 17.189 поени, 7.592 скока, 1.795 асистенции и 932 блокади.

Со репрезентацијата на САД има злато од ОИ во Пекинг во 2008 и бронза од СП во Јапонија во 2006 година.

Scroll to Top