Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов со тимот на Ал Ибтисам стигна до голем успех во Саудиска Арабија. Клубот за првпат во историјата освои медал во првенството откако заврши на третата позиција во шампионатот.
„Ова е голем успех за Ал Ибтисам. Клубот убедливо ги надмина очекувањата за оваа сезона“, изјави Љафтов.
Македонскиот репрезентативец со ова ги заврши обврските кон клубот, кој продолжува да се натпреварува и во Елит Купот.