Top Sport

Љафтов оствари голем успех со Ал Ибтисам во Саудиска Арабија

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов со тимот на Ал Ибтисам стигна до голем успех во Саудиска Арабија. Клубот за првпат во историјата освои медал во првенството откако заврши на третата позиција во шампионатот.

„Ова е голем успех за Ал Ибтисам. Клубот убедливо ги надмина очекувањата за оваа сезона“, изјави Љафтов.

Македонскиот репрезентативец со ова ги заврши обврските кон клубот, кој продолжува да се натпреварува и во Елит Купот.

Scroll to Top