Top Sport

Љубичиќ: Нема поголема чест во тенисот од соработка со Роџер Федерер

Поранешниот хрватски тенисер, Иван Љубичиќ во моментов ја развива својата втора кариера како тениски тренер на легендарниот Роџер Федерер и во интервју за швајцарскиот весник „Тагес анцајгер“ признава дека тоа му претставува огромна чест.

Швајцарскиот „Маестро“ во моментов паузира по операцијата на коленото и планот е да се врати на тенисот пред сезоната на трева, која стартува со турнирот во Хале во јуни. Љубичиќ вели дека опоравувањето оди според планот.

„Роџер е мојот прв, втор и трет приоритет. Јас сум му на распологање 52 недели во годината и ќе остане така додека тој сака да биде тенисер. Јас сум благодарен на тоа што ми пружи тенисот, а сега по крајот на кариерата не постои поголема чест од соработката со Роџер. Рехабилитацијата оди според планот и се надевам дека наскоро се враќаме на тренинзи“, вели Љубичиќ.

Хрватот исто така нема одговор на едно од вечните прашања: Кога Федерер ќе замине во пензија?

„Не знам уште колку време Роџер ќе оди на АТП турнејата, тоа е прашање кое тој мора да го одговори. Јас сум среќен што тој има мотивација и што го сака тенисот. Тоа е нашиот живот“, додава Љубичиќ.

Scroll to Top