Top Sport

Најлошиот британски клуб им порача на „ултрасите“: На стадион само во придружба на родител!

Форт Вилијам, клубот кој според многумина е најлошиот фудбалски клуб во Велика Британија, им забрани влез на локалните „ултраси“ на домашните мечеви, порачувајќи им дека ќе им биде дозволен влез само во присуство на родител.

Одлуката е направена од претседателот на клубот Питер Марфи по повеќето инциденти кои ги предизвикаа младите навивачи на овој клуб на „Клаган парк“.

„По неприфатливото однесување на ’ултрасите’ во повеќе натпревари оваа сезона направивме одлука да им забраниме влез на домашните натпревари. Тие ќе можат да влегуваат на стадионот индивидуално ако се придружувани од родител“, се вели во соопштението на клубот.

Форт Вилијам, кој игра во Хајланд лигата, петта лига во Шкотска, претходно станаа „славни“ откако две сезони во низа (840 дена) не победија. Тие во моментов се на последното место на табелата со два поени зад тимот на Лосимаут.

Scroll to Top