Познатиот тренер, Љубомир Травица е новиот селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија. Именувањето, на освојувачот на бронзен медал во 2005 година на Европското првенство со Србија и Црна Гора, го потврди Одбојкарската федерација на Mакедонија. На функцијата Травица го наследи Драгутин Балтиќ.
Травица ќе се обиде да ја искачи одбојкарската репрезентација на чело во Европската лига. Завршниот турнир во Европската лига ќе се игра на 15. и 16.јуни во Скопје.
Втора голема цел која стои пред Травица и неговите избраници ќе биде квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство.