Top Sport

Лохти ја отслужи допинг-суспензијата и се врати со национална титула

Поранешниот олимписки шампион, Рајан Лохти се врати со американска титула на 200 метри мешано, негов прв трофеј по враќањето од 14-месечната допинг-суспензија.

35-годишниот ветеран имаше време од 1:57.76, со што е блиску до квалификување за олимпискиот тим за Токио 2020 година, но призна дека не било лесно.

„Пред 10 години беше многу, многу полесно. Има уште долг пат пред Олимпијадата за мене“, изјави Лохти.

Американецот доби 14-месечна казна откако на социјалните мрежи објави фотографија на која добива инфузија. Истрагата на Американската анти-допинг агенција (УСАДА) утврди дека тој добивал инфузија на витамин Б12, но над дозволеното ниво, по што доби долга казна поради која го пропушти Светското првенство во 2019 година.

Лохти претходно беше вмешан во огромниот скандал на Олимписките игри во 2016 во Рио де Жанеиро, кога беше обвинет дека лаже за наводен напад на бензинска станица.

Пливачот Лохти супендиран ан 14 месеци

Scroll to Top