Top Sport

Хамилтон контра Розберг: Не можеше да ме победи, му остана само да зборува

Луис Хамилтон по блескавата победа на Унгарското ГП не можеше да се воздржи и го нападна својот поранешен клупски колега, светскиот шампион од 2016 година.

Ова доаѓа откако Розберг повеќе пати посочи дека Макс Ферстапен, човекот кого Хамилтон го победи на Хунгароринг сега е подобар возач од Хамилтон, најмногу поради 34-те години кои ги има Британецот. Хамилтон и Розберг имаа невообичаено бурно партнерство во Мерцедес, и петкратниот шампион мораше да одговори.

„Не сум го видел неговиот видео-блог, бидејќи тоа нема никакво влијание на мојот живот. Дали е во право или не, воопшто не ме интересира, иако има право да го каже тоа. Моите резултати сами зборуваат. Секогаш има луѓе кои немале успех како мојот и сакаат само да зборуваат за себе. Не го сфаќам лично, бидејќи таквите луѓе зборуваат за самите себе“, вели Хамилтон.

Scroll to Top