Top Sport

Ломаченко бара дозвола да тренира надвор од Украина

Откако се врати во Украина за да се приклучи на територијалната одбрана по војната со Русија, Василиј Ломаченко и неговиот тим бараат дозвола тој да почне со тренинзи надвор од земјата за да се подготви за дуел со апсолутниот шампион во лесна категорија, Џорџ Камбосос.

34-годишниот Ломаченко според „ЕСПН“ е распределен на границата Украина-Русија, а поради прогласената воена состојба, мажите од 18 до 60 не можат да ја напуштат земјата. Двократниот олимписки шампион и професионалниот шампион во три категории во февруари се договори за меч против Австралиецот Камбосос на 5 јуни во Мелбурн.

Ломаченко (16-2, 11 КО), има две победи откако ги загуби титулите во лесна категорија од Теофимо Лопез во октомври 2020 – нокаутирајќи ги Масајоши Накатани и Ричард Коми. Камбосос, пак го изненади Лопез со победа на поени минатиот ноември.

Scroll to Top