Top Sport

Ибрахимовиќ повикан за баражот против Чешка

Шведскиот селектор, Јане Андерсон го повика 40-годишниот Златан Ибрахимовиќ за клучниот бараж за Светското првенство против Чешка на 24 март, иако призна дека не знае дали ветеранот на Милан ќе може да издржи 90 минути.

Победникот од дуелот Шведска-Чешка ќе игра против Полска во одлучувачкиот меч, откако Русија беше дисквалификувана од ФИФА и УЕФА поради војната во Украина.

„Не сум сигурен дали ќе може да одигра цел натпревар, но сака да биде дел од тимот и може да ни помогне со неговото искуство и лидерство“, вели Андерсон.

Ибрахимовиќ има 120 сениорски настапи за Шведска и 62 гола.

Scroll to Top