Васил Ломаченко ја врати ВБО титулата во супер-перо категорија откако во шестата рунда го нокаутираше Кубанецот Гијермо Ригондо, нанесувајќи му го првиот професионален пораз.
Долгоочекуваниот дуел меѓу двајца поранешни олимписки шампиони, сепак, немаше најдобар финиш, откако Ригондо, кој се жалеше на повреда на раката, му кажа на судијата дека не може да продолжи пред стартот на седмата рунда.
Тројцата судии оценија дека Ригондо, кој отиде нагоре две тежински категории за мечот, губеше пред разочараната публика во „Медисон Сквер Гарден“, која четврти пат едноподруго гледаше како противник на Ломаченко се повлекува пред крајот на мечот.
29-годишниот Украинец Ломаченко по четврти пат ја брани титулата и сега има 10-1 скор (8 КО).